На меѓународниот ден на жените, членките на жирито за Women’s Worldwide Car of the Year го одбра овогодинешниот победник.
По неколкумесечно темелно тестирање, анализи и дебати, автомобилски новинарки од 55 земји ширум светот ги одбраа победниците на Women’s Worldwide Car of the Year за 2026.
Претходно беа избрани победници во неколку различни категории:
- Компактен Автомобил: Nissan Leaf
- Компактен SUV: Skoda Elroq
- Седан: Mercedes-Benz CLA
- Голем SUV: Hyundai Ioniq 9
- 4х4: Toyota 4Runner
- Спортски Автомобил: Lamborghini Temerario
И конечно, дојде моментот кога треба да се прогласи и победникот. Според Марта Гарсија, извршната претседателка на WWCOTY, гласањето било изнедначено, но на крајот сепак титулата оди кај Nissan Leaf.
Leaf е целосно-електричен автомобил, дизајниран да биде многу ефикасен и лесен за секојдневна употреба, а истовремено да биде практичен и тивок, особено во градски услови, но и окоолу градот.
Нашата колешка (и воедно единствена членка на жирито од регионов) – Тина Вујановиќ-Банда – изјави дека „Leaf е прилагоден кон градското возење, а истовремено нуди просторна внатрешност која го прави подеднакво способен и за подолги патувања. Возењето е мазно и удобно, автомобилот ги има сите најнови технологии, но и привлечен дизајн“.







