Shine GS е несекојдневен кросовер-караван кој доаѓа со многу опрема и може да се добие и со моќен мотор – и сето тоа по навистина интересна цена.
Aeolus Shine е еден од најдостапните автомобили на нашиот пазар кој лесно ги најде и ги освои купувачите. Сега во понудата пристигнува и Shine GS – храбро-дизајниран кросовер-караван со одлична просторна понуда, многу опрема и моќен мотор.
Shine GS може да се добие во две изведби. Првата се нарекува Shine GS Comfort DCT и доаѓа со 1.5-литарски атмосферски бензинец со 116 коњски сили и автоматски менувач со 6 брзини. Меѓу другото, добива и LED предни светла, електричен стаклен кров, спортски ентериер, голем мултимедијален дисплеј, keyless пристапување и стартување и многу, многу повеќе. Оваа изведба чини само 19.490 Евра!
Втората верзија се нарекува Hunting Knight и добива значително помоќен турбо-бензинец кој испорачува дури 190 коњски сили и 300 Nm вртежен момент. Дополнително доаѓа со греење на седиштата, електрично нагодување на седиштата, безжично полнење на телефон, неколку дополнителни безбедносни системи и многу, многу повеќе.
Shine GS Hunting Knight чини 22.390 Евра и ова е најверојатно најевтиниот начин да се седне во автомобил со близу 200 коњски сили на нашиот пазар.
Со оглед на успехот на конвенционалниот Shine на нашиот пазар, воопшто не сме изненадени дека интересот и за Shine GS е огромен. Shine GS наскоро ќе пристигне и на тест, па ќе ги пренесеме нашите впечатоци. Во меѓувреме, посетете го салонот на ABC Brother или пак официјалната веб-страница на Shine GS.





















