Bertone го претстави новиот ретро инсписиран Runabout – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bertone го претстави новиот ретро инсписиран Runabout

Ова е првиот модел во серијата Bertone Classic и е директно инспириран од легендарниот Autobianchi A112 Runabout од 1969 година.

Оригиналниот Runabout во 1969 година доаѓаше со 1.1-литарски мотор кој испорачуваше скромни 55 коњски сили, додека новиот модел доаѓа со моќен V6 и импресивни 500 коњски сили.
​ 

Моделот ќе биде достапен во две варијанти: Barchetta без покрив и кратко ветробранско стакло и Targa со отстранувачки покрив кој се отвара и посебно од двете страни за полесно влегување на возачот.

Двобојниот ентериер е главно фокусиран на минимализмот. Тука се воланот без команди, мануелниот менувач, компасот, алуминиумските акценти и рачно изработената кожа.

Бидејќи производството е строго ограничено на 25 примероци ширум светот, не е тешко да се претпостави дека сите ќе се најдат кај богатите колекционери.

Со новиот Runabout, Bertone ја започнуваат новата CLASSIC серија за оживување на познатите дизајни од минатиот век, давајќи им модерен шмек.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!