Минатата година беше рекордна за MG во Европа и Обединетото Кралство – кинескиот бренд ја зголеми продажбата за 30% и продаде вкупно 300.000 автомобили во Европа!
Во периодот од Јануари до Декември 2025, MG мотор во Европа и Обединетото Кралство продаде повеќе од 300.000 автомобили – зголемување за речиси 30% во однос на истиот период во 2024, кога брендот продал 233.000 возила.
Силната побарувачка за Hybrid+ моделите на MG, вклучувајќи го и исклучително популарниот MG HS SUV, даде значаен придонес кон овој успех. На пан-европско ниво, комбинираната продажба на хибридни возила досега достигна 137.000 возила, што претставува раст од речиси 300%. Во меѓувреме, продажбата на MG ZS моделите изнесува 123.000 возила, со извонреден раст од 32% во однос на истиот период во 2024 година.
Во текот на 2025 година, MG значително ја зајакна својата електрична понуда, продолжувајќи да нуди уште поголема достапност до нови технологии. Ова вклучува и претставување на MGS5 EV SUV, како и лансирањето на технолошки ориентираната MG IM модели во Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија. MGS6 EV, простран, практичен и технолошки достапен SUV, беше претставен во последниот квартал од годината.
Растот на MG е поттикнат и од сè поширокото присуство низ Европа. MG е активен во 34 еврoпски земји со околу 1.300 дилерски партнери, поддржани со 7-годишна / 150.000 km гаранција, градејќи доверба кај клиентите низ целиот континент. Во Македонија, претставник за MG е Гранд Ауто.





