Најмоќниот* модел на Toyota во Европа е… Освежениот електричен bZ4X! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најмоќниот* модел на Toyota во Европа е… Освежениот електричен bZ4X!

Освежениот електричен SUV на Toyota ќе им понуди поголем избор на купувачите, но и повеќе моќ и подобрена автономија.

Од Toyota гордо кажуваат дека електричниот погон на bZ4X е целосно ревидиран – не само што добива нови батерии, туку добива и ревидирани електромотори кои се поефикасни и испорачуваат уште повеќе моќ. Односно, ова е најмоќниот модел на Toyota во Европа – ако не ги сметаме GR Yaris и GR Supra, секако.

Достапни се две батерии – едната со капацитет од 57.7 kWh, другата со капацитет од 73.1 kWh. Според WLTP мерењата, најефикасната комбинација (голема батерија + погон на предните тркала) може да помине дури 569 километри со полни батерии. Инаку, помалата батерија се комбинира со погон на предните тркала и електромотор со моќност од 169 коњски сили. Поголемата може да се комбинира со погон на предните или сите четири тркала и со електромотори кои испорачуваат 224, односно дури 343 коњски сили.

Новите батерии се продукт на PPES – заедничка компанија на Toyota и Panasonic. Батериите имаат повеќе ќелии во секој модул без притоа да се зголемат надворешните димензии. Батериите овозможуваат и побрзо полнење – 11 или 22 kW на AC полнач, односно 150 kW на DC полнач. Батерискиот модул има и нова функција за пред-подготовка на батериите со цел да се скрати времето на полнење, особено кога е ладно. Вака, полнењето на брз полнач од 10 до 80% трае 28 минути.

Визуелните измени се концентрирани највеќе на предниот дел, каде се забележува влијанието од најновите модели на Toyota. Во кабината забележуваме ревидирани инструменти и освежени материјали.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Ова е новиот Toyota Hilux и за прв пат ќе има и целосно-електрична варијанта!

Дополнително, од Toyota кажуваат дека bZ4X добива и ревидирана шасија поради нијанса потешките батерии, но најавуваат дека измените имаат и позитивно влијание на динамичноста на големиот електричен SUV. Ќе видиме. ;)

*без GR Yaris и GR Supra.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.