Соработката со NVIDIA, Uber и Foxconn е намената за развој и имплементација на автономните возила од ниво 4.
Надоврзувајќи се на неодамнешната соработка со Pony.ai во Европа, алијансата ќе ги користи платформите на производителот кои се подготвени за автономни возила. Моделите ќе ја користат архитектурата NVIDIA DRIVE AGX Hyperion 10 со оперативниот систем DriveOS и целосниот софтвер DRIVE AV кој што е прилагоден за автономија од ниво 4. Foxconn ќе придонесува со електроника и интеграција на системи, а Uber ќе управува со флота од 5,000 роботакси возила на одбрани градски пазари во САД.
Извршниот директор на Stellantis, Antonio Filosa, ја опиша оваа иницијатива како чекор кон „паметна, побезбедна и поефикасна мобилност за сите”. Извршниот директор на Uber, Dara Khosrowshahi, ја пофали улогата на NVIDIA во овозможувањето на „автономијата од четврто ниво во огромен обем,” додека извршниот директор на NVIDIA, Jensen Huang, новите возила ги нарече „роботи кои гледаат и возат со суперчовечка прецизност.”





