Големиот црвен камион на Milwaukee – кој сосем прикладно се вика Big Red – деновиве повторно го посети Скопје во рамките на овогодинешната светска турнеа на американскиот производител на алати.
Македонската компанија Еуроимпекс која е увозник и дистрибутер на Milwaukee за Македонија беше горд домаќин на Big Red и им овозможи на македонските корисници да бидат дел од ваков глобален настан. Всушност, иако не се разбираме многу-многу во алати, ова беше одлична можност да се види најдоброто кое брендот го нуди – и тоа на уникатен начин, на едно место, во живо.
Големиот црвен камион како Оптимус Прајм се трансформира во целосен шоурум дизајниран за изложување и демонстрација на најновата понуда на Milwaukee.
Big Red беше паркиран во кругот на Еуроимпекс и тој ги носи сите алати на Milwaukee, но и дополнителните батериски системи и иновативни решенија кои американскиот бренд ги нуди за сите занаети и индустрии. Дополнително, Еуроимпекс подготви и специјални понуди за купувачите, а експерти од Milwaukee и Еуроимпекс беа достапни за секакви професионални совети и презентации.
„Во текот на годините, како компанија развиваме стабилни деловни односи и со производителите и со клиентите, создавајќи нераскинливи врски на лојалност. Веруваме во производите и услугите кои ги нудиме и стоиме зад квалитетот на истите. Оваа година, Еуроимпекс одбележува 18 години како генерален увозник на македонскиот пазар на Milwaukee – бренд со 100 годишна традиција во производство на електрични и акумулаторски алати. Имено, кога станува збор за алати за професионална работа, брендот Milwaukee е на прво место, покрај останатите брендови на алати: Bahco, Irimo, Portable Winch. Овие брендови, заедно со Milwaukee, ја издвојуваат компанијата Еуроимпекс како една од водечките компании во продажбата на алати наменети за професионалци во Македонија“ – изјави Роберт Анастасов, директор на секторот за алати во Еуроимпекс.
Плус, голем црвен камион!
















