Иако премиерата е закажана за неколку дена од сега, веќе се појавија првите фотографии од новото Renault Twingo.
Нема друг начин да го кажеме ова – новото Twingo оддава почит на првата генерација на малиот градски автомобил и изгледа преслатко. По Renault 4 и Renault 5 (кој неодамна го возевме), сега францускиот бренд повторно го направи вистинскиот потег со Twingo.
Плус, ги имаме и техничките карактеристики на Twingo E-Tech – под автомобилот се крие мала батерија со капацитет од 27.5 kWh, а автомобилот ќе го задвижува електромотор со моќност од 82 коњски сили. Сето тоа ветува автономија до околу 260 километри според WLTP – и токму тоа е потребно за мал градски автомобил.
Изборот е логичен – потребни се мали, лесни и достапни електрични автомобили за секојдневно користење, а според некои информации до кои дојдовме, Twingo тежи само 1300 килограми.
Слично е и во кабината – едноставни, издржливи материјали и забавен, разигран дух сличен на оној кај Renault 5. Забележуваме привлечни комбинации од бои, текстури и материјали и функционални, едноставни контроли. Задните седишта се поместуваат независно едно од друго, а тоа овозможува да одберете помеѓу повеќе простор за патниците или повеќе простор во багажникот – паметно и практично.
Се очекува дека Twingo ќе чини помалку од 20.000 Евра кога ќе пристигне на пазарот во текот на следната година. Ќе се произведува во фабриката на Renault во Ново Место, Словенија.























