Vision Iconic e арт деко електрично купе кое ги спојува минатото и иднината на брендот.
Дизајнот со чисти линии и скулптурна естетика влече инспирација од златната ера на автомобилизмот од триесеттите години од минатиот век. Големиот осветлен хромиран преден дел е модерна реинтерпретација на легендарната маска на Mercedes и претставува симбол на префинетост, интелигенција и дигитална еволуција.
Во внатрешноста, централното место го зазема стаклената структура Zeppelin, која ја заменува класичната контролна табла. Зад неа е позициониран луксузениот аналоген мерач со знакот на Mercedes.
Под каросеријата се наоѓаат иновативни соларни панели кои додаваат дополнителни 12.000 километри досег на годишно ниво. Возилото користи neuromorphic computing технологија со чија помош се зголемува ефикасноста на автономното возење и се намалува потрошувачката на енергија до 90%. Возилото поддржува и автономно возење на ниво 4, што значи дека речиси целосно може самостојно да се движи.
Mercedes ја спојува оваа технолошка иновација со уметност преку Vision Iconic Capsule Collection модната линија која е инспирирана од формите и линиите на автомобилот. Дополнително, ќе биде објавена и книга ICONIC DESIGN, во која брендот ја објаснува својата идна филозофија.




