Porsche ни го претстави ентериерот на новиот, електричен Cayenne – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche ни го претстави ентериерот на новиот, електричен Cayenne

Новиот електричен Cayenne ќе биде вистински шоукејс за вискоите технологии на Porsche – и токму кабината на големиот електричен SUV е во фокусот.

Пред официјално да го претстави новиот електричен Cayenne, Porsche ни го покажа ентериерот на луксузниот електричен SUV. Но Porsche оди чекор понатаму во дигитализацијата и поврзаните технологии, па Cayenne Electric ја добива „најголемата дисплеј површина од било кое Porsche досега“. Што значи тоа? Па, пред возачот е поставен 14.24-инчен инструмент панел, а пред совозачот има уште еден со дијагонала од 14.9 инчи. Но вистинското изненадување е меѓу нив – 12.2-инчен закривен OLED дисплеј со поставени контроли за клима-уредот во долниот дел.

Да, кабината задржува неколку физички контроли, но значително помалку во однос на конвенционалниот Cayenne. Кај електричниот Cayenne, сè е (помалку) или повеќе интегрирано во овие мултимедијални дисплеи. Според Porsche, закосениот долен дел на централниот екран го олеснува користењето на дигиталните контроли, а мал наслон за дланката е поставен пред екранот за полесно стабилизирање.

Истовремено, Porsche воведува и „дигитален асистент“ базиран врз вештачка интелигенција. Ова би требало да овозможи директна гласовна комуникација со автомобилот, кој јасно ќе ги разбере вашите инструкции и ќе ги преточи во конкретни активности.

Porsche ја искористи оваа можност да потврди и некои од спецификациите на Cayenne Electric. Врвната изведба ќе има околу 1100 коњски сили (при Launch Control) и безмалку неверојатни 1500 Nm вртежен момент. Ветуваат и забрзување до 100 километри на час за помалку од 3 секунди, односно 200 километри на час за помалку од 8 секунди, додека максималната брзина ќе биде над 250 километри на час. За сето ова се користи батерија со капацитет од 113 kWh, со уште подобра густина на моќноста. Според Porsche, можеме да очекуваме автономија до околу 600 километри со полни батерии, и моќно полнење со максимални 400 kW, односно полнење од 10 до 80% за околу 15 минути.

Поврзано:  Porsche направи уникатен Cayman GT4 RS


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.