Студијата во Калифорнија и Сао Паоло ќе стават клуч додека оние во Лондон и Јапонија ќе работат со намален обем на работа.
Стратегијата која е дел од поширокиот план „Re:Nissan“, има за цел да ги оптимизира креативните активности во пет главни центри: Лос Анџелес, Лондон, Шангај, Токио и Ацуги.
Студиото „Studio Six“ во Лос Анџелес ќе биде главен центар за дизајн во САД, додека студиото во Лондон ќе продолжи да работи за Африка, Средниот Исток, Индија, Европа и Океанија. Компанијата се уште не откри колку работни места ќе бидат погодени од оваа трансформација.
Според изјавите на првиот човек Ivan Espinosa, новиот план за обнова и профитабилност предвидува и други големи промени, како намалување на глобалниот капацитет за производство од 3.5 милиони на 2.5 милиони возила и намалување на производствените локации од 17 на 10 до 2027 година.
Извештаите посочуваат дека растечките оперативни трошоци и новите технолошки предизвици придонесоа за одлуката на Nissan за реорганизирање и зајакнување на централизацијата на дизајнерските активности. Ова може да значи дека времето што е потребно на развој на нови модели може да биде намалено, но тоа истовремено носи и значителни промени во локалните заедници каде студијата ќе бидат затворени.