RML GTH е хипер-автомобил базиран на Porsche 911 Turbo S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

RML GTH е хипер-автомобил базиран на Porsche 911 Turbo S

Возилото претставува комбинација од целосен карбонски екстериер, напредна аеродинамика и перформанси инспирирани од Le Mans автомобилите.

Porsche-овиот 3.7-литарски мотор е специјално тјуниран од Litchfield Motors и сега достигнува максимална моќност од 920 коњски сили и 1000 Nm и вртежен момент. За забрзување од 0-100 км/ч му се потребни само 2,4 секунди додека максималната брзина изнесува 330 км/ч.

Останатите технички спецификации вклучуваат: 8-брзински PDK менувач, керамички композитни дискови како и централно заклучување на тркалата.

RML симулациите покажуваат дека автомобилот би можел да постави време на тркачката патека Nürburgring од 6:45 минути, што е сосема респекатилно за еден хипер-автомобил.

Освен екстремните перформанси, секој GT Hypercar е целосно персонализиран – од бојата, до уникатниот ентериер со кожни и карбонски детали.

Моделот ќе биде со ограничено производство од само 39 примероци а цената на прикажаниот модел (секако без оригиналниот 911 на кој е базиран) ќе изнесува околу пола милион евра. Плус, дали само нам ни наликува на Porsche 959?

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!