Вечерно кино: Погледнете го дизајнерското студио кое стои позади Rivian R2 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно кино: Погледнете го дизајнерското студио кое стои позади Rivian R2

Електричниот компактен кросовер ќе биде прв масовен модел на компанијата а воедно и прв што официјално ќе се нуди на европскиот пазар.

Во видеото го гледаме целосниот пристап во развојот на моделот: од студиото каде што е дизајниран, до лабораторијата за погонски системи каде што се развива новата Maximus технологија. Прикажана е и лабораторијата каде што се создаваат софтверот и хардверот за возилото.

За разлика од моделите R1T и R1S, R2 е изграден на новата платформа MSP, која овозможува автономија над 480 километри, брзо полнење од 10 до 80% за помалку од 30 минути и различни конфигурации на мотори.

Додека моделите R1 се фокусирани на северноамериканскиот пазар, R2 има глобални амбиции.  После неговото деби во Северна Америка, Rivian планира да го понуди R2 во Европа а потоа и на други меѓународни пазари.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!