Exeed Exlantix E05 официјално ќе дебитира на саемот за автомобили во Минхен што ќе се одржи септември годинава.
Не можеме а да не забележиме дека дизајнот на предниот дел потсеќа на еден добро познат германски спортски SUV, додека пак задниот дел сепак не изгледа толку впечатливо.
Внатрешниот простор е минималистички и е исполнет со нови технологии. На таблата се поставени три интегрирани екрани, а тука се и безжичните полначи за телефони, лебдечката централна конзола и просторот за складирање под неа.
Погонот на електричниот мотор ги движи тркалата, додека 1.5-литарскиот турбо бензински мотор со 156 коњски сили работи како генератор за полнење на батеријата. Таа е со капацитет од 32.7kWh и обезбедува електричен досег до 165км, додека максимална брзина на возилото изнесува 200 км/ч.
Exlantix E05 доаѓа со систем за урбана асистенција при возење Horizon Super Driving (HSD), поддршка за автономно возење на ниво L2, 12 радари и LiDAR систем.












