Revzvani го претстави специјалното издание на Porsche 911, инспирирано од култниот модел 935.
Автомобилот на американскиот производител има дизајн со силно ретро тркачко влијание и современи технолошки надградби. Тој доаѓа во две верзии: RR1 600 и RR1 750.
Погонот на RR1 600 се базира на надградена верзија на 3-литарскиот мотор од серијата 911 , додека кај RR1 750 е надграден 3,8-литарскиот агрегат.
Екстериерот се истакнува со агресивен аеродинамичен сет, проширени крила и оптимизирани отвори за ладење. Деталите и боите кои се употребени потсетуваат на славниот Porsche 935 од седумдесеттите години.
Внатрешноста претставува спој на ретро елементи и модерна удобност. Користени се премиум материјали и уникатни дизајнерски акценти што ја нагласуваат поврзаноста со историјата на брендот.
Ќе бидат произведени само 50 примероци, па голема е веројатноста дека повеќето ќе се најдат во гаражите на богатите колекционери.