Сакате ново-старо Mini? Ќе ве чини (скоро) 100.000 Евра! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сакате ново-старо Mini? Ќе ве чини (скоро) 100.000 Евра!

Зад ова обновено Mini стои Ian Callum, автомобилски дизајнер со импресивно портфолио, а доколку сакате примерок бидете подготвени да одвоите околу 100.000 Евра

Океј, сите ги знаеме Singer кои работат на Porsche, но што ако сакаме нешто… Помало? Callum Design, компанијата на Ian Callum (човекот позади Aston Martin DB9 и Vanquish, Ford RS200, но и цела гама на модели на Jaguar) ќе ви подготви и испорача нешто навистина итнересно.

Автомобилот е изграден врз основа на Mini, но има неколку уникатни визуелни елементи. На пример, целосно се редизајнирани предните и задните светла, редизајниран е задниот дел, а автомобилот има и поагресивни крила и уште неколку елементи. Добива и специјални 13-инчни тркала, позади кои се кријат напредни сопирачки.

Задолжен за задвижување на ова Mini е темелно преработен 1.3-литарски мотор кој испорачува 100 коњски сили. Добива и ретјуниран компјутер и нов менувач. Секако, добива и нова суспензија. Кабината е темелно преработена и обвиена во квалитетни материјали, а надградена е и технологијата преку дискретен аудио уред со Apple CarPlay.

Е сега, цената. Во Обединетото Кралство, секој примерок чини од (напоменуваме, од) 75.000 Фунти, односно околу 90.000 Евра. Секако, кога ќе почнете да го персонализирате вашиот автомобил, таа цена неизбежно ќе порасне. Па бидете подготвени. Ама да можеме да си го го дозволиме, дефинитивно би нарачале.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.