ПРЕМИЕРА: Ова е целосно новиот Nissan Leaf! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова е целосно новиот Nissan Leaf!

Електричната икона се враќа со аеродинамичен дизајн, импресивен возечки досег и современа технологија.

Дизајниран во глобалното дизајн студио во Јапонија, новиот LEAF доаѓа со модерена кросовер силуета и коефициент на отпор од само 0.25.

Возилото е базирано на платформата CMF-EV и доаѓа со две батерии:  52kWh со досег до 436 км и 75kWh со досег до 604 км (според WLTP). Со 30-минутно полнење на 150kW брз полнач се добива импресивен досег до 417 километри.

Новиот Leaf e опремен со функцијата Vehicle-to-Load (V2L) која овозможува полнење на надворешни уреди директно од автомобилот. Дополнително, автомобилот е Vehicle-to-Grid (V2G) компатибилен, што во иднина ќе овозможи опција за враќање на електричната енергија во мрежата.

Напредните технологии за асистенција ги вклучуваат последната генерација на адаптивниот темпомат ProPILOT Assist, e-Pedal Step системот за возење со една педала, како и новите 3D камери за паркирање.

Внатрешноста на новиот LEAF доаѓа со вграден Google систем, двојни 14.3-инчни екрани, BOSE аудио систем и нова верзија на NissanConnect Services апликацијата.

Новиот LEAF ќе се произведува во фабриката во Сандерленд, Велика Британија, а првите испораки се очекува да бидат во пролетта 2026 година.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!