Polo Edition 50 е специјално издание со кое се одбележуваат 50 години од постоењето на популарниот хечбек.
Новото издание се издвојува со ексклузивната Crystal Blue боја, 17-инчните алуминиумски фелни и уникатните „Edition 50“ ознаки.
Во внатрешноста, моделот има црна сјајна декорација на шалт-таблата и затемнети задни стакла. Опремата вклучува и панорамски стаклен покрив, двозонска клима, задна камера и бесконтактен систем за отклучување и стартување.
Под хаубата се наоѓа познатиот трицилиндричен бензински мотор од 1 литар со 89 коњски сили, кој доаѓа во комбинација со петстепениот мануелен менувач.
Изданието изгледа како скромен начин за одбележување на јубилејот, но Volkswagen има поголеми планови за иднината. Секако алудираме на претставувањето на целосно електричниот ID.2 (или ID.Polo, зависно кое име ќе го добие), кој ќе го замени тековниот модел.