Плаг-ин хибридните Audi Q5 и Q5 Sportback поминуваат 100 километри пред да треба да се вклучи бензинецот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Плаг-ин хибридните Audi Q5 и Q5 Sportback поминуваат 100 километри пред да треба да се вклучи бензинецот

„Средниот“ SUV во понудата на Audi добива два моќни плаг-ин хибридни погони и без разлика кој ќе го изберете, ќе можете да поминете 100 километри пред да треба да се активира бензинскиот мотор.

Веќе неколку пати сме пишувале за новиот Q5 и купеовскиот Q5 Sportback, па сега ќе посветиме највеќе внимание токму на новите плаг-ин хибридни погони. Двата погони комбинират 2-литарски TFSI турбо-бензинец, батерија со капацитет од 25.9 kWh и електромотор интегриран во менувачот со двојна спојка. „Послабиот“ хибриден погон испорачува вкупно 300 коњски сили и 450 Nm вртежен момент и овозможува спринт до 100 километри на час за 6.2 секунди.

Помоќната конфигурација испорачува 367 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, кои пак овозможуваат лансирање „до стотка“ за само 5.1 секунда. Максималната брзина кај обете конфигурации е 250 километри на час.

Сепак, најважната работа е автономијата на струја, без да треба да се вклучи бензинскиот мотор. Од Audi гордо кажуваат дека новата батерија е скоро двојно поголема од батеријата кај минатата генерација, што пак овозможува импресивна автономија на струја до 100 километри. Батеријата се полни со максимални 11 kW на AC полнач, што значи дека ако е целосно испразнета, би се полнела за околу 2.5 часа.

Q5 E-Hybrid ќе се произведува во фабриката на Audi во Мексико. Европските нарачки ќе стартуваат на средината на месецов, а испораките се очекуваат да започнат во третата четвртина од годинава.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.