Поплуарниот хечбек кој се појави пред повеќе од три децении доби официјална концептуална преработка.
Дизајнерот Ljudmil Slavov го обнови класичниот дизајн на Favorit, користејќи го новиот стилски јазик на брендот наречен Modern Solid, при што го задржа минималистичкиот карактер на оригиналот.
Неговата цел беше да се создаде автомобил кој ќе го одразува духот на оригиналниот модел, но прилагоден на денешните трендови и барања, особено во време кога SUV возилата се многу популарни.
Предните и задните светлосни елементи го рефлектираат оригиналниот облик, а внатрешноста, иако не е детално прикажана, содржи детали инспирирани од стариот модел.
Концептот е израз на новата визија на Škoda за електрични возила и нивната иднина и истиот ја комбинира класичната естетика со современите технолошки решенија.
Овој проект е пример како Škoda ги спојува своите корени со иновациите, нудејќи автомобил кој е привлечен за љубителите на класичниот дизајн, но и за новите генерации кои бараат одржливи и модерни возила.