ПРЕМИЕРА: Nissan конечно ја покажа новата Micra – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Nissan конечно ја покажа новата Micra

Шестата генерација на популарниот супер-мини доаѓа во целосно електрично издание и е базирана на новиот Renault 5.

Ќе бидат понудени две опции за електричниот погон. Основната доаѓа со 40 kWh батерија и мотор од 122 коњски сили и втората во која се вградува батерија од 52 kWh и мотор од 154 коњски сили.

Моделот со батерија од 52 kWh има опсег од 407 километри според WLTP циклусот, додека моделот со батерија од 40 kWh нуди опсег од 309 километри. Полнењето е поддржано со моќност до 100 kW за поголемата батерија, односно 80 kW за помалата.

Екстериерот има препознатлива форма која е преземена од популарниот Renault 5. Она што е највпечатливо се големите овални светла како напред, така и позади. Автомобилот е долг 4 метри, со капацитет на багажник од 326 литри, кој може да се зголеми на 1.106 литри доколку се преклопат и задните седишта.

Внатрешноста на новата Micra е скоро идентична со нејзиниот француски роднина. Тука ги забележуваме двата 10-инчни екрани, едноставната табла, модерните ткаенини и новиот NissanConnect инфозабававен систем со интеграција на Google Maps.

Новата Nissan Micra ја очекуваме да се појави на европскиот пазар подоцна годинава.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!