Nissan ќе отпушти 20.000 работници – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan ќе отпушти 20.000 работници

Иднината на фабриката на Nissan во Велика Британија е неизвесна откако јапонскиот производител објави големи отпуштања.

Nissan најави дека ќе отпушти вкупно 20.000 работници на глобално ниво, како дел од својот глобален економски план за опоравување „Re:Nissan“. Дополнително, компанијата ќе затвори седум фабрики и ќе ги суспендира сите развојни проекти за нови производи закажани по 2026 година. Овој потег следи по претходната најава од февруари, кога беше најавено намалување од 9.000 работни места, затворање на три производствени капацитети и намалување на производството за 20%  на годишно ниво.Компанијата појасни дека новата бројка од 20.000 отпуштања ги вклучува и претходно најавените 9.000.

Претседателот и извршен директор Ivan Espinosa, ја припиша значителната финансиска загуба на „предизвикувачката деловна 2024 година и растечките варијабилни трошоци, дополнети со неизвесната околина“. Тој изјави дека компанијата „мора да го приоритизира самоусовршувањето а притоа преземајќи внимателен пристап за повторно оценување на целите и активно барање на можности за имплементација и обезбедување на робустно закрепнување.“

Компанијата исто така потврди дека ќе ги зајакне соработките со Renault Group, Mitsubishi и Honda за дополнително рационализирање на операциите и постигнување дополнителни заштеди. Она што е загрижувачки за британските работници е дека иднината на фабриката во Sunderland – каде се произведуваат моделите Qashqai и Juke – останува неизвесна. Отпуштањата ќе ги засегнат вработените во производството, администрацијата и истражувањето и развојот.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!