Toyota ќе го претстави новиот RAV4 на 21-ви Мај, а во меѓувреме објави неколку фотографии кои го опишуваат мулти-талентираниот карактер на новиот SUV.
Фотографиите, покрај тоа што го прикажуваат новиот RAV4 во неколку различни околини, ни откриваат и детали од ентериерот кој (очекувано) ги следи најновите дизајнерски насоки на Toyota.
Сепак, вреди да напоменеме дека новиот RAV4 ќе има тешка задача, односно ќе треба да наследи модел кој едноставно доминираше во сегментот. Според некои информации до кои пристигнавме, новиот RAV4 ќе ја задржи TNGA платформата од тековниот модел, но ќе добие надградени хибридни погони – а тоа значи уште помоќен самополнечки хибрид и најновата конфигурација на плаг-ин хибридниот погон на Toyota.
Објавените фотографии највеќе го откриваат ентериерот на новиот RAV4 и од она кое го гледаме, препознаваме уште потемелна дигитализација. Сепак, останува да бидеме трпеливи уште нешто повеќе од една седмица кога ќе ги имаме сите детали.