Новиот хибриден Audi A6 PHEV добива батерија од 20.7 kWh, која има 45% поголем капацитет од таа кај претходниот модел.
Електричниот опсег на новиот седан во градски услови може да достигне до 111 километри, што претставува повеќе од респектабилна бројка. Батеријата е поставена под задниот дел на возилото, а максималната брзина во електричен режим е електронски ограничена до 140 километри на час.
Постојат две верзии на PHEV моделот. Основниот модел има 300 коњски сили и 450 Nm вртежен момент, додека помоќниот модел доаѓа со 367 коњски сили и 500 Nm. Двата модели користат четирицилиндричен мотор и се базираат на платформата PPC (Premium Platform Combustion).
Внатрешноста сега е значително потивка благодарение на подобрената звучна изолација во која допринесува и користењето на специјални акустични стакла.
Првите испораки за европскиот континент се планирани да започнат летово.