Lynk & Co 02 имаше одличен настап на белградскиот автомобилски саем – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lynk & Co 02 имаше одличен настап на белградскиот автомобилски саем

Електричниот Lynk & Co 02 имаше одличен настап на Саемот на Автомобили во Белград и веќе е најавено и неговото пристигнување на македонскиот пазар.

Ние веќе имавме можност да го возиме 02 на неговата интернационална презентација во Словенија, и целосно-електричниот кросовер ни остави навистина позитивни впечатоци.

Неодамна, на престижниот Белградски саем за автомобили, Lynk & Co 02 направи вистински бум со своето регионално деби. Целосно-електричниот кросовер привлече огромно внимание и интерес кај посетителите, што претставува значаен чекор напред за брендот во Југоисточна Европа, но и сигнал за скоро пристигнување и на македонскиот пазар.

Белградскиот саем, како водечки автомобилски настан во регионот, привлекува производители, медиуми и љубители на автомобили од цела Југоисточна Европа, вклучително и од Македонија. Овојпат, токму Lynk & Co 02 го доби вниманието со својот модерен скандинавски дизајн, напредна технологија и еколошка ориентација.

02 е првиот целосно електричен модел на Lynk & Co наменет за европскиот пазар – дизајниран во Шведска и развиен во соработка со заедницата Co:lab. Комбинира елеганција, дигитална иновација и одржливост – вредности што сè повеќе ги бараат и потрошувачите во Македонија.

Одговорот на публиката во Белград не само што беше позитивен, туку веќе е и преточен во резултат – повеќе од 50 возила ќе бидат испорачани на клиенти во Србија и околните земји, што е важен показател за интересот и подготвеноста на регионот за ваков тип на мобилност.

Џејсон Кени, менаџер на брендот за Југоисточна Европа, изјави – „Одушевени сме од приемот што го доби Lynk & Co 02. Реакциите беа фантастични, а фактот што веќе испраќаме 50 возила до клиентите е доказ дека регионот, вклучувајќи ја и Македонија, е подготвен за нова, паметна и одржлива мобилност.“

Поврзано:  Официјално отворени новите продажни салони на Geely и Lynk & Co

Сега веќе со нетрпение го очекуваме 02 да пристигне и во Македонија!

Извор: PR Lynk & Co



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.