Brabus го тјунираше AMG E53 HYBRID 4MATIC+ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus го тјунираше AMG E53 HYBRID 4MATIC+

Тјунинг пакетот е достапен како за седанската, така и за караванската изведба на моделот.

Вкупната моќност е зголемена на 700 коњски сили и 850 Nm вртежен момент со што автомобилот сега забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 280 км/ч

Наздградбата е постигната со контролната единица PowerXtra B53-700 која се вградува на бензинскиот мотор, додека хибридниот дел останува непроменет- со електромотор од 163 коњски сили и литиум-јонска батерија од 28,6 kWh.

BRABUS нуди и ексклузивни надворешни детали, како предиот спојлер кој го намалува подигнувањето на предната оска, карбонските додатоци со мат или сјаен финиш и четирите заоблени црни хромирани издувни цевки. На задниот дел, дифузерот и спојлерот обезбедуваат дополнителна стабилност и спортски изглед.

Во внатрешноста, BRABUS нуди луксуз и персонализација преку осветлените прагови на вратите, педалите од алуминиум или карбон и целосниот ентериер од кожа или алакантра.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!