Веќе се шират гласини, но до нас пристигна и неофицијална потврда дека поранешниот CEO на Seat и Cupra – Wayne Griffiths – ќе биде поставен на челото на Stellantis.
Stellantis поминува низ турбулентен период. По заминувањето на Carlos Tavares во Декември, Stellantis е под водството на John Elkann и неколкумина негови соработници. Сепак, Stellantis потврди дека сака да постави нов CEO и според најновите гласини кои се појавија на интернет, работата може да му припадне на Wayne Griffiths кој до неодамна беше шеф на Seat и Cupra во рамките на Volkswagen групацијата. Токму на Griffiths му се припишуваат заслугите за успехот на Cupra. Според гласините, Elkann и Griffiths веќе се во напредни преговори и можно е веќе да е постигнат договор.
Оваа вест доаѓа навистина брзо по неочекуваното заминување на Griffiths од Seat и Cupra на крајот на Март. Краткиот временски период меѓу излегувањето на Griffiths од Seat и неговото потенцијално назначување на новата позиција во Stellantis можеби делува малку сомнително, но познавачите кажуваат дека е чиста случајност.
Други имиња кои беа во игра се Luca De Meo кој во моментов е на челото на Renault (и слично како Griffiths, таму замина од истата позиција во Seat), како и Jean-Philippe Imparato кој е на чело на Stellantis во Европа. Во моментов најсериозни кандидати се токму Wayne Griffiths и Antonio Filosa, директорот на Stellantis за Америка.







