Иако минатата година моделот доби освежување, Toyota повторно најде нови начини за негово подобрување.
Хаубата со централен отвор е преземена од специјалната GRMN ограничена серија, но наместо од карбонски влакна сега е изработена од алуминиум. Дополнително, додадени се нови отвори зад предните тркала за да се зголеми стабилноста на автомобилот при свиоци со висока брзина и на аглите на задниот браник за да се постигне понизок коефициент на отпор.
Аеродинамичниот пакет е надополнет со преден спојлер и ново дизајниран поден поклопец за резервоарот за гориво, инспириран од GR Yaris тркачкиот автомобил што се натпреварува во Super Taikyu трките во Јапонија. Извршени се и измени на осумстепениот автоматски менувач, кој сега нуди побрзи промени на брзините, особено кога е активиран “Sport” режимот во мануелен мод.
Toyota исто така ги преработи амортизерите и го зголеми потпирачот за нозете кај моделите со автоматски менувач. Дополнително, вертикалната рачна сопирачка сега е достапна низ целата гама, а Toyota Safety Sense системот доаѓа стандардно и кај основниот модел во Јапонија.