Toyota Hilux добива хибридна изведба – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota Hilux добива хибридна изведба

Популарниот Hilux сега е достапен со електрифициран погон и нови теренски режими.

Батеријата која е сместена под задните седишта го полни генераторот, кој пак е поврзан со дизел моторот од 2.8 литри. Кога е полна, батеријата произведува 16 коњски сили и 65 Nm вртежен момент за да ги подобри забрзувањето, моќта и ефикасноста.

Хибридниот модел забрзува од 0 до 100 км/ч за 10,7 секунди, додека рачниот нехибриден модел забрзува за 10,1 секунди. Иако е за нијанса по бавен, Од Toyota тврдат дека Hilux Hybrid има подобрени перформанси при кочење и поблаго возење.

Системот за запирање и палење му овозможува на моторот да остане исклучен подолго време кога возилото е во слободен тек, што го намалува шумот од моторот и ја подобрува потрошувачката на гориво до пет проценти.

Хибридниот модел може да помине низ вода до длабочина од 700 мм – исто како и другите модели на Hilux. Практичноста останува иста, со непроменетиот товарен капацитет до 1,000 кг и влечен капацитет до 3,500 кг.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!