Volkswagen пушти тизер за ID.1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen пушти тизер за ID.1

Volkswagen потврди дека ќе започне со производство на моделот до 2027 година, со европска почетна цена од околу 20,000 евра.

На тизерот забележуваме класична предница со осветлен амблем, округли фарови и два вертикални светлечки елементи поставени на краевите на браникот.

Новиот ID.1 ќе се придружи на производниот модел на концептот ID.2all (кој ќе го замени тековниот Polo), воведувајќи нова ера на економични електрични модели на германскиот гигант.

Во врска со новиот ID.1, извршниот директор Thomas Schäfer изјави: „Достапен, висококвалитетен и профитабилен електричен Volkswagen од Европа за Европа – тоа е шампионската лига на автомобилското инженерство!“



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!