Американската легенда на Ford од 1967 година добива електрична верзија.
Лондонската компанија го претстави својот прв прототип во 2019 година, а две години подоцна ја објави и финалната верзија. Сепак, Charge Cars не испорачаa ниту едно возило бидејќи работеа со големи загуби и беа приморани да престанат со функционирање во јули 2024 година.
По аквизицијата од страна на конзорциум на приватни инвеститори предводени од новиот извршен директор на Charge Cars, Paul Abercrombie, компанијата конечно го привршува финалниот развој на својот 1967 Mustang EV.
Charge Cars употребуваат нови челични каросерии лиценцирани од страна на Ford, дополнети со композитни панели со цел намалување на тежината. Возилото има четири моторен погон кој испорачува 544 коњски сили и 1,520Nm вртежен момент, доволно за забрзување од 0 до 100км/ч за само 3.9 секунди. Батеријата од 63kWh може да се полни со моќност до 50kW и има досег на возење до 320 километри.
Надворешниот дизајн е суптилно рафинирање на оригиналниот изглед на Ford Mustang, со дополнување на црните акценти и модерните LED светла. Внатрешноста има целосно нов дизајн со голем вертикален екран на допир, дигитален дисплеј за возачот, модерднизиран волан и квалитетно изработена кожа.
Планот на Charge Cars е да произведат 499 примероци од реимагинираниот мускулен автомобил, секако секој од нив рачно изработен во Лондон.