Со повеќе од 40.000 возила продадени минатата година, Corsa четири години по ред го потврдува првото место во сегментот во Германија.
Corsa се појави на пазарот во сега веќе далечната 1982 година, а оттогаш се продадени повеќе од 14.6 милиони примероци ширум светот. Во 2024, со 43.467 продадени примероци, Corsa четврти пат по ред е најпродаван мал автомобил во Германија. Секако, Corsa ја следи традицијата на Opel за демократизација на иновативните технологии, па германскиот хечбек добива Intelli-Lux Matrix светла и бројни современи системи за помош на возачот.
„Opel Corsa е најпродаваниот модел во сегмент на мали автомобили во Германија. Нашиот бестселер импресивно ја истакнува неговата важна улога во нашето портфолио. Ова го вклучува и фактот дека Corsa Electric беше најпродаван електричен автомобил на Opel минатата година. Се надевам дека оваа успешната приказна на Corsa ќе продолжи и во 2025 година“ – изјави Patrick Dinger, менаџер на Opel Германија. Според официјалните податоци на Федералната управа за моторен транспорт (KBA), Corsa го зазеде првото место во сегментот на мали возила со 43.467 продадени примероци.
Opel се пофали и со одличниот успех на Astra во 2024 година. Со околу 47.600 продадени возила, продажба се зголеми за речиси 90 отсто во споредба со 2023.
Извор: PR Opel