Aston Martin Vantage е новиот најсекси кабриолет на планетата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin Vantage е новиот најсекси кабриолет на планетата

Aston Martin Vantage Roadster го губи покривот, но ги задржува истите 665 коњски сили.

Автомобилот доаѓа со 4-литарскиот твин-турбо V8 мотор, кој произведува 665 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Моделот достигнува максимална брзина до 325 км/час, додека забрзувањето од 0 до 100 км/час трае само 3.5 секунди.

Кабриолетите обично тежат повеќе од купе моделите, па така и овој модел е за 60 килограми потежок од својата купе изведба. Автомобилот има распределба на тежината од 49:51 напред-назад и е опремен со Bilstein DTX адаптивни амортизери.

Сите нови Vantage Roadster модели ќе бидат опремени со Michelin Pilot Sport S 5 гуми и големи карбонски сопирачки. Моделот исто така има осум различни поставки за контрола на тракцијата, со кои се овозможува прилагодувањето на возачкото искуство според различните услови.

Покривот на Vantage Roadster има Z-склопување и може да се отвори или затвори за само 6,8 секунди, при брзини до 50 км/час. Ова го прави најбрзиот целосно автоматски покрив на пазарот.

Цените сè уште не се објавени, а испораките се планирани да започнат во вториот квартал од годината.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!