Lamborghini постигна значајно достигнување во изминатата година, испорачувајќи рекордни 10,687 возила.
Регионот EMEA (Европа, Блискиот Исток и Африка) предводи со 4,227 испораки додека на американскиот континент се продадоа 3,712 единици. Регионот Азија-Пацифик пак (вклучувајќи ја и Кина) придонесе со 2,748 парчиња.
Revuelto забележа најголем раст во изминатата година, а Urus (заедно со plug-in хибридниот Urus SE), играше огромна улога во овој успех. Huracán, и покрај тоа што е во своите последни години, продолжи да придонесува за растот на продажбите на Lamborghini.
Ова достигнување ја истакнува стратешката рамнотежа на Lamborghini помеѓу понудата и побарувачката, истовремено зајакнувајќи ја привлечноста и вредноста на брендот и неговите производи.