Една година по дебито на концептите 0 Saloon и Space Hub Minivan, Honda се враќа на шоуто во Лас Вегас со нешто малку поопипливо.
Иако 0 Saloon останува верен на своите концептни корени, тој вклучува и неколку прилагодувања за да биде поблиску до сериско производство.
Големите врати кои се отвараа нагоре се сега заменети со попрактични конвенционални врати. Tрадиционалните странични ретровизори се заменети со камери, додека кај багажниот простор сè уште не постои задно ветробранско стакло.
Во внатрешноста, екраните се протегаат низ целата должина на таблата, а ротирачкиот управувач го дополнува општиот футуристички стил. Амбиенталните LED ленти, белиот тапацир и минималистичкиот дизајн создаваат чист и технолошки естетски изглед.
Возилата ќе го користат оперативниот систем ASIMO, именуван по познатиот хуманоиден робот на Honda. Овој систем ги поврзува помошта за возачот, инфозабавата и ажурирањата, учејќи и прилагодувајќи се на индивидуалните преференции на возачот со текот на времето.
Дополнително, возилата ќе можат да се полнат за време на часовите со ниска потрошувачка за да заштедат пари а дополнително ќе можат и да ја враќаат вишокот енергија назад во мрежата во случај на поголема побарувачка.
Двата модели ќе се произведуваат во САД а продажбата е закажана за 2026 година. Honda има планови за проширување на понудата во Јапонија и Европа, но деталите засега остануваат скриени.