ПРЕМИЕРА: Porsche ги претстави новите 911 GT3 и 911 GT3 Touring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche ги претстави новите 911 GT3 и 911 GT3 Touring!

Новиот 911 GT3 го задржува врескачкиот 4-литарски атмосферски боксер кој испорачува 510 коњски сили, а во исто време се лансира и GT3 Touring кој нуди врвно возачко искуство, но прилагодено повеќе за возење на улица.

Porsche слави 25 години GT3, а дел од прославата е и лансирањето на новиот 911 GT3. Базиран на освежениот 911 со ознака 992.2, надградбите се дискретни но значителни. Секако, дел од приказната останува и врескачкиот 4-литарски атмосферски шест-цилиндерски боксер кој испорачува 510 коњски сили и 450 Nm вртежен момент.

Моторот добива и надградени брегаси оски од 911 GT3 RS и успева и покрај наметнатите еко-компоненти да ја испорачува истата моќност. Секако, врескачкиот атмосферец може да се комбинира со 6-степен мануелен или 6-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Истовремено, суспензијата е унапредена во насока на подобрување а аеродинамиката. Да, дури и делови од суспензијата влијаат на начинот на кој 911 GT3 „го сече“ воздухот. Но суспензијата е и зацврстена и некои компоненти се поставени поинаку, што пак намалува навалување при силно кочење и поконзистентни аеро-перформанси. Нови се и предните светла со вградени дневни светла, што пак овозможува поголеми отвори за воздух во предниот браник. Редизајнирани се и дифузерот, поклопецот на моторот и отворите за воздух.

GT3 добива и нови пневматици кои нудат подобри перформанси на мокро, а достапни се и поагресивни тркачки пневматици. Тркалата се полесни, а кога сме кај намалување на тежината тука е и Weissach пакетот кој вклучува карбонски кров, карбонски стабилизатори и компоненти од суспензијата и карбонски делови од каросеријата. Weissach пакетот може да вклучува и супер-лесни тркала изработени од магнезиум.

Поврзано:  Porsche Driving Experience 2025: Годишна прослава на перформансите и коњските сили!

Со новиот GT3, Porsche истовремено го лансира и GT3 Touring Package (односно само GT3 Touring, да не ги комплицираме работите). GT3 Touring го заменува фиксниот заден спојлер со нормален, активен спојлер со што се овозможува порезервиран, подискретен изглед на автомобилот.

GT3 Touring може да добие Leichtbau пакет кој вклучува одредени компоненти од GT3 Weissach, но и магнезиумски тркала и пократка рачка од менувачот. Интересно, GT3 Touring го губи внатрешниот кафез и добива задни седишта – и за прв пат Porsche 911 со ознаката GT3 има задни седишта!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.