Два Peugeot 9X8 хипер-автомобили ќе се натпреваруваат и на овогодинешниот Le Mans! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Два Peugeot 9X8 хипер-автомобили ќе се натпреваруваат и на овогодинешниот Le Mans!

Откако минатогодишното издание привлече рекордна толпа од 325.000 фанови, Le Mans е повторно распродаден. Билетите за овогодинешниот 24 Часа Le Mans беа распродадени за неколку дена.

И секако, да бидеме искрени – љубителите на трките ги имаат сите причини да дојдат. Тие можат да очекуваат многу возбуда на патеката Circuit de la Sarthe со дваесет и три прототипи и девет престижни производители на автомобили, кои се натпреваруваат во елитната класа на хиперавтомобили. Оваа 24-часовна тркачка патека е најдолгата (13.626 km) и најбрзата (просечна брзина поголема од 240 km/h) патека на светскиот шампионат на издржливост на FIA.

„Le Mans е вкоренет вo ДНК кодот на брендот PEUGEOT. Сеќавањата и емоциите што се чувствуваат на овој култен настан се протегаат низ генерациите“ – изјави Jean-Marc Finot, Потпретседател на Stellantis Motorsport и додаде – „Ентузијазмот кој го видовме на Le Mans во 2023 година, покажа колку силно фановите го поддржуваат PEUGEOT. Оваа година се враќаме порешителни од кога било. Тимот работеше неуморно повеќе од една година за да се пласира на стартната линија на 15 јуни. Овогодинешната трка ќе биде историска во однос на големината и квалитетот на натпреварот. Le Mans е уникатна авантура за човекот“.

Тимот Peugeot TotalEnergies во трката влегува со две возила PEUGEOT 9X8 2024. Тимот има намера да ја покаже доверливоста на автомобилот и придобивките од перформансите направени во овој радикално изменет хиперавтомобил, кој го имаше своето натпреварувачко деби на „6 часа Imola“ на почетокот на април, по само десет месеци развој.

„Навистина сме задоволни што успеавме да го возиме овој автомобил за прв пат на Imola“ – истакна Olivier Jansonnie, технички директор на Peugeot Sport. „Да се развие хиперавтомобил кој е за 90% нов во однос на каросеријата и тоа за само десет месеци, со сѐ времето за производството за делови и алати е навистина импресивно достигнување. Овој подвиг возможен го направи тимската работа на екипата на Peugeot TotalEnergies“.

Поврзано:  Gilles Vidal си заминува од Renault, се враќа во Stellantis да го води дизајнот на европските брендови

На своето натпреварувачко деби, PEUGEOT 9X8 2024 ги обезбеди првите бодови на WEC за тимот во оваа сезоната со деветтото место на „6 часа Imola“. И покрај тоа што се соочи со многу силна конкуренција, три недели подоцна PEUGEOT 9X8 2024 постигна уште еден пласман да заврши помеѓу првите десет на листата на „6 часа Spa-Francorchamps“.

„Историски гледано, Le Mans е една од најуникатните трки“ – објасни Olivier Jansonnie. „Се разбира тука е автомобилот, неговата брзина и сигурност, но се работи и за подготовка на тимот, стратегија за трката и тн. Нашите подготовки започнаа во јули 2023 година, откако темелно го разгледавме 91-то издание, гледајќи што функционира добро, каде би можеле да се подобриме и сл. Минатата година беше нашиот прв пат да се вратиме на Le Mans по долго време и оваа година дефинитивно ќе бидеме подобро подготвени. Минатата година, во во 2023 времето беше многу променливо и тимот Peugeot TotalEnergies успеа максимално да ги искористи незгодните услови. 94 PEUGEOT 9X8 ја водеше трката цели 34 круга среде ноќ и двата болида ја поминаа целната линија на најголемата трка во светот!
Оваа година реално не размислуваме на резултатот. Нашиот единствен фокус е кон тоа да обезбедиме трката да минува без проблеми и да обезбедиме максимална сигурност. Ќе имаме појасна идеја за тоа каде стоиме во однос на перформансите по тест денот и соодветно ќе го прилагодиме нашиот пристап кон трката“.

Денот за тестирање треба да се одржи во недела на 9-ти јуни. Тимовите и возачите ќе имаат шест часа време за да ја искусат патеката и да се подготват за натпреварот. Три тренинзи и квалификации ќе се одржат во среда на 12 и четврток на 13 Јуни. Потоа ќе следи Hyperpole каде ќе се натпреваруваат осумте најдобри хиперавтомобили. 92-тото издание на „24 часа Le Mans“ официјално ќе започне во сабота на 15 Јуни во 16 часот.

„24 часа Le Mans“ е огромна мотоспорт забава која ги обединува навивачите, семејствата и љубителите на трките од целиот свет. PEUGEOT верува дека овој настан ќе биде одличен спортски фестивал. Во фан зоната на PEUGEOT, фановите ќе имаат можност да се соберат, да ја следат трката, да уживаат во забавата и да танцуваат на музика. Тоа ќе биде можност за фановите да се дружат додека навиваат за PEUGEOT. Ние имавме можност минатата година да бидеме дел од Le Mans – и си поминавме одлично!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.