Porsche претстави две нови E-Hybrid изведби од новата Panamera – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche претстави две нови E-Hybrid изведби од новата Panamera

Porsche неодамна ни ја претстави новата Panamera, а сега ја проширува понудата со две нови плаг-ин хибридни верзии кои можат да поминат скоро 100 километри на струја пред воопшто да се активира бензинскиот мотор.

Од Porsche кажуваат дека новата Panamera 4 E-Hybrid е особено ефикасна и разновидна. За да генерира моќно забрзување, Porsche комбинира нов е-хибриден систем со темелно обновен 2.0-литарски би-турбо V6 кој испорачува 304 коњски сили со електромотор за хибридната Panamera да има системски 470 коњски сили и 650 Nm вртежен момент и да може да помине 96 километри на струја (според WLTP).

Скалило погоре е новата Panamera 4S E-Hybrid која уште повеќе се фокусира на динамичното возење. Во оваа конфигурација 2.9-литарскиот твин-турбо бензинец испорачува 353 коњски сили, додека системската моќност расте на импресивни 544 коњски сили, но и максимален вртежен момент од 750 Nm. Резултат на сето ова? Спринт до 100 километри на час за 3.7 секунди но и максимални 290 километри на час.

Инаку, новите е-хибридни верзии на Panamera добиваат нова, поголема батерија со капацитет од 25.9 kWh, како и нов електромотор кој сега испорачува 190 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Рекуперацијата овозможува максимална регенерација до 88 kW, a новите модели доаѓаат со четири е-Hybrid-специфични режими на возење кои гарантираат врвни перформанси и изненадувачка ефикасност. На пример, во Sport и Sport Plus режимите на возење, Panamera ќе ги одржува батериите на ниво меѓу 20 и 30%, со цел да може во сите ситуации да ги испорача перформансите без никаков компромис.

Секако, и новите хибридни верзии на Panamera го добиваат новиот Porsche Active Suspension Management (PASM) систем со надградени амортизери кои нудат идеална комбинација од перформанси и тракција, но и лукзус и комфор. Новите Panamera 4 E-Hybrid и Panamera 4S E-Hybrid се веќе достапни за нарачка, а се очекуваат да пристигнат во второто тримесечје од годинава.

Поврзано:   Златно Тркало 2024: Победници се Porsche Panamera, Audi Q8, Volkswagen ID.7, Opel Corsa и Mazda CX-60!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.