Lamborghini ja проби бариерата од десет илјади продадени автомобили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini ja проби бариерата од десет илјади продадени автомобили

Италијанскиот производител на суперавтомобили продаде 10.112 примероци во 2023 година и за прв пат во 60-годишната историја ја проби проджбата со петоцифрената бариера.

За големите производители продажбата на 10.000 автомобили во една година не се смета за големо достигнување, но за оние кои се наоѓаат на врвот на луксузниот сегмент тоа претставува значајна пресвртница.

Соединетите Американски Држави се покажаа како најголем потрошувач, со точно 3000 продадени автомобили. Германија беше вториот најголем национален пазар со 961 автомобил, пред Кина со 845 и Велика Британија со 801 примерок.

Новиот рекорд е поимпресивен со фактот дека дојде во годината кога Lamborghini имаше само два модели во целосно производство. Теренецот Urus го сочинуваше најголемиот дел од продажбата со 6087 испораки, а моделот Huracan со 3962 автомобили. Останатите 63 испораки беа составени од последните парчиња од моделот Aventador и специјалното издание Countach LPI 800-4.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!