BYD го произведе шест-милионитиот новo-енергетски автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BYD го произведе шест-милионитиот новo-енергетски автомобил!

Брендот ја задржа својата позиција како најголем кинески производител на возила придвижувани од нови енергии и истовремено е првиот во светот кој го достигна овој успех.

BYD го запре производството и продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување лани во март, пренасочувајќи се кон ново-енергетски возила (NEV), вклучувајќи електрични возила со батерии (BEV) и plug-in хибридни возила (PHEV).

На BYD му требаа 13 години производство за да ги достигне првите милион NEV единици. После тој период стапката на производство значително се забрза, достигнувајќи рекордни бројки. За шест месеци бројката се искачи од два на три милиони, а беа потребни само три месеци за пораснат од пет на шест милиони.

Од јануари до октомври, BYD продаде 2.381.471 NEV, од кои 176.041 возило се продадени преку океанот. Досега, новите електрични возила на BYD влегоа на 58 странски пазари, вклучувајќи ги Германија, Јапонија, Франција, Бразил, Австралија и Обединетите Арапски Емирати, со вкупна продажба од 200.000 единици.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!