Томас Шефер: SEAT е посилен од било кога! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Томас Шефер: SEAT е посилен од било кога!

Како реакција на гласините кои се појавија во некои од светските медиуми, извршниот директор на Volkswagen демантираше дека брендот SEAT ќе згасне.

Volkswagen Group реагира на гласините кои се појавија изминативе неколку денови во некои од светските (па и нашите) медиуми. Конкретно, се појавија неточни информации дека Volkswagen Group ќе престане да произведува возила од брендот SEAT. Од Volkswagen Group пристигна официјална реакција во која кажуваат дека информациите се неточни и дека SEAT е посилен од било кога.

Во официјалната реакција кажуваат дека побарувачката за SEAT е на многу високо ниво и дека продажбата забелжува пораст од 18%, односно продадени се скоро 200.000 возила. Додаваат дека продажбата и побарувачката остануваат високи поради добриот однос цена-перформанси, како и модерниот дизајн на шпанскиот бренд.

Своја реакција имаше и Томас Шефер, извршниот директор на Volkswagen кој истовремено е член на одборот на директори на Volkswagen Group. Тој на својот LinedIn профил објави демант – „И покрај неточните информации што ги објавија некои медиуми, брендот SEAT е посилен од било кога.“

Дополнително, Volkswagen Group додава дека SEAT S.A. продолжува да ја развива иднината на бреднот SEAT и дека шпанскиот бренд ќе продолжи да произведува плаг-ин хибридни возила и ефикасни мотори со внатрешно согорување и во иднина, односно до крајот на производниот циклус на моторите со внатрешно согорување во согласност со европските закони. Истовремено најавија и дека Ibiza, Arona и Leon ќе добијат значителни промени и брендот во иднина ќе понуди и нови можности за електрична мобилност.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.