Фарбањето на Lamborghini Huracan Sterrato Opera Unica трае неверојатни 370 часа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Фарбањето на Lamborghini Huracan Sterrato Opera Unica трае неверојатни 370 часа!

Lamborghini годинава го прославува својот 60-ти роденден, а дел од тоа е и новиот Huracan Sterrato Opera Unica замислен да ги преслика небото и морето на Сардинија.

Славеничкиот Huracan Sterrato е дело на Ad Personam одделот на Lamborghini. Овој оддел е задолжен да ги направи супер-персонализираните автомобили кои ги бараат ултра-богатите клиенти на Lamborghini, а славеничкиот Huracan Sterrato има финиш кој ги пресликува морето околу и небото над Сардинија. Рачното нанесување на трите бои има ефект на замрзната течност.

Првиот слој е Blu Amnis сина боја, а потоа рачно е нанесена Blu Grifo, за конечно да биде нанесена и Blu Fedra боја. Овој процес траел повеќе од 370 часа, а целата комбинација е надополнета со детали во мат црна боја – кровот, страничните прагови и заштитните панели околу крилата се во мат црна боја.

Кабината добива детали од карбон, како и кожа во Blu Delphinus сина боја. Huracan Sterrato Opera Unica е дел од ограничното производство на „теренскиот“ Huracan и ќе биде дел од 1499-те произведени примероци. Секако, сите се веќе распродадени, па нема ни потреба да прашувате.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.