Освежениот DFSK Glory 580 пристигна во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот DFSK Glory 580 пристигна во Македонија

Првиот кинески автомобил кој имавме можност да го возиме неодамна доби темелно освежување и веќе пристигна во салонот на ABC Brother во Скопје!

Освежениот DFSK Glory 580 сега ја носи ознаката Fengon, како и сите други SUV модели кои доаѓаат од гамата на DFSK. Освежувањето вклучува целосно-редизајниран преден дел со нови светлосни елементи и нова предна маска на ладилинкот која е инспирирана од Glory F5.

Редизајниран е и предниот браник кој сега има поширок отвор за воздух. Меѓу другото, со освежувањето пристигнуваат и редизајнирани тркала, како и дискретно-изменет заден дел со задни светла со редизајнирана графика.

Во кабината препознаваме нов, високо-поставен централен дигитален уред, нов управувач, нови контроли за клима уредот и редизајниран централен гребен меѓу возачот и совозачот.

Кабината е дополнително оплеменета и со нови кожни седишта. Кога сме кај седиштата, вреди да потсетиме дека Glory 580 e голем SUV со 7 седишта!

Освежениот Glory 580 се нуди во две различни нивоа на опрема – Comfort и Intelligence. Цените започнуваат од 20.900 Евра за Comfort, додела Intelligence чини 22.900 Евра и меѓу другото добива и панорамски сончев кров, 360-степенска камера, предни сензори за паркирање, темпомат, автоматски светла и многу, многу повеќе.

Обете верзии се придвижувани од 1.5-литарски турбо-бензински мотор кој преку CVT автоматски менувач кон предните тркала испорачува 147 коњски сили. Наскоро ќе го добиеме освежениот SUV на тест па подетално ќе ги пренесеме нашите впечатоци, а во меѓувреме посетете го салонот на ABC Brother или пак официјалната страница на DFSK во Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.