Следната Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ќе биде електричен автомобил со 1000 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Следната Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ќе биде електричен автомобил со 1000 коњски сили!

Извршниот директор на Alfa Romeo – Жан Филипе Импарато потврди дека Giulia во следната генерација ќе биде реинкарнирана во електрично возило со сила до 1000 коњски сили и опсег до 700 километри.

Новата Giulia се очекува да пристигне некаде околу 2025 година, а нејзината конвенционална форма на седан ќе еволуира да опфаќа повеќе сегменти. Моделот нема повеќе да нуди погонски единици со внатрешно согорување, како дел од планот на Alfa Romeo да нуди целосно електрична гама на возила до 2027.

Силата на новата генерација ќе започнува од 345 кс, додека посилната Veloce изведба ќе нуди околу 790 кс. Тврдокорната Quadrifoglio варијанта е исто така планирана и ќе нуди околу 1000 кс, што е речиси двојно од сегашните 503 кс со кои располага актуелната генерација.

Оваа најсилна варијанта најверојатно ќе добие погон на сите четири тркала, наместо задниот погон кај сегашниот модел. Би можела да добие слична конфигурација како претстојниот Maserati Folgore, кој користи три електрични мотори – еден на предната и два на задната оска, со систем за контрола на векторирањето на вртежниот момент.

Заедно со потврдувањето на бројката на силата кај идната генерација на Giulia, Импарато изјави дека опсегот на електричниот модел ќе биде до 700 километри според WLTP циклусот, со цел идните купувачи да го гледаат како замена за нивните сегашни автомобили, а не како деградирување.

Зборувајќи за полнењето на автомобилот, Giulia ќе биде опремена со електрична архитектура од 800 волти, како сите други претстојни електрични возила базирани на STLA платформата. Тоа значи дека најважното полнење на батериите од 10% до 80% ќе се одвива за 18 минути.

Што се однесува до дизајнот, според зборовите на Импарато, идната Giulia ќе изгледа како „Alfa Romeo кое сите го посакуваме“.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.