Роторот на Mazda се враќа – но не како што мислите! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Роторот на Mazda се враќа – но не како што мислите!

Mazda го враќа роторот во употреба – но како продолжувач на опсег на електричниот MX-30.

Mazda го враќа легендарниот Ванкелов мотор во употреба, но не како што мислевме или како што очекувавме. Ако мислевте дека Mazda ќе понуди спортско купе со високи перформанси, ќе мораме да ве разочараме. Mazda го претстави новиот MX-30 e-Skyactiv R-EV (колку комплицирано име, нели?) на авто-салонот во Брисел каде „роторот“ се користи како генератор на електрична енергија. Малиот мотор има капацитет од само 803 кубни сантиметри и само еден ротор и испорачува 74 коњски сили. Поставен е под предниот поклопец заедно со електромоторот кој сега „комуницира“ со помала батерија со капацитет од само 17.8 kWh.

Како што рековме, Ванкеловиот мотор не е воопшто поврзан со тркалата, туку се вклучува кога е потребно да функционира како генератор на електрична енергија за електромоторот. Резултат на сето ова? Електричната автономија е само 85 километри, но во комбинација со генераторот и резервоарот за гориво со капацитет од 50 литри, автономијата е вкупно 600 километи.

Многумина веруваат дека токму ваквиот пристап е најисплатливиот – мал, супер-ефикасен мотор кој функционира како генератор на електрична енергија е едноставно, достапно и долгорочно решение.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.