Пристигна Alfa Romeo Giulia Estrema, наменета за оние кои навистина уживаат во возењето – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна Alfa Romeo Giulia Estrema, наменета за оние кои навистина уживаат во возењето

Во хиерархијатa на Alfa Romeo, Giulia Estrema е поставена меѓу спортската Veloce и врвната Quadrifoglio.

Меѓу другото, Giulia Estrema добива адаптивна суспензија и диференцијал со ограничено пролизгување – компоненти кои доаѓаат и директно од Quadrifoglio моделите. Напредната, активна адаптивна суспензија ја „чита“ подлогата во реално време и ги нагодува амортизерите кон условите на патот за да понуди уште подобро управување.

Задолжен за задвижување на Estrema верзиите е 2-литарскиот турбо-бензинец кој испорачува 280 коњски сили и 415 Nm вртежен момент. Силата ја испорачува преку автоматски менувач и диференцијал со ограничено пролизгување кон задните тркала, но доколку сакаат, купувачите можат да нарачаат и Q4 погон на сите четири тркала, а сето ова резултира со лансирање до 100 километри на час за само 5.5 секунди.

Инаку, Giulia Estrema добива и карбонски детали на предната маска и страничните ретровизори, како и црни детали околу каросеријата, но и темни Estrema значки, црни шепи на сопирачките и црни тркала. Кабината добива уште поспортски седишта, црвени шевови и карбонски детали низ ентериерот.

Од Alfa Romeo кажуваат дека Giulia Estrema е наменетa за Алфисти кои се „разбираат од возење“, кои постојано бараат вистинска симбиоза со автомобилот. Обожаватели кои помалку се посветени на естетската мускулатура, а повеќе внимаваат на оние технички решенија кои можат да дадат одлична рамнотежа и динамика на возење. Мораме да се согласиме.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.