Mini ја најавува иднината со новиот електричен Aceman – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mini ја најавува иднината со новиот електричен Aceman

Mini ја најавува дизајнерската насока на идните модели преку новиот електричен концепт кој се вика Aceman.

Во однос на димензиите, Aceman е некаде меѓу Mini Cooper и (во контекст на Mini, секако) големиот Countryman. Сепак, новиот концепт настапува со храбар и футуристички дизајн, како и грст нови супер-модерни технологии.

„Дизајнерскиот јазик на Aceman ја најавува новата дизајнерска ера на Mini, изјави Adrian van Hooydonk, одговорниот за дизајн во BMW Group. Иако дизајнот е нов, тимот се обиде да остане верен на дизајнерските детали и елементи кои традиционално го прават едно Mini да биде Mini. Се враќаме кон нив, но истовремено конзистентно ги комбинираме со иновативни технологии. Со овој пристап, повторно ги развиваме Mini дизајнерските икони, со сите нивни аналогни силни страни – за дигиталната иднина.“

Тимот го опишува дизајнот на Aceman како „Харизматична Едноставност“ – а тоа значи едноставна форма, остри рабови и мускулести форми. Aceman е долг 4.05 метри, широк 1.99 метри и висок 1.59 метри – а тоа значи дека не е премногу поголем од Mini Cooper. На предниот дел нема традиционална решетка, осмоаголен светлосен елемент кој може да прикажува различни светлосни конфигурации. Светлата (за жал, н.з.) веќе не се кружни, но изгледаат модерно, а задните светла го задржуваат оној супер-кул дизајнерски елемент преземен од британското знаме.

Во кабината на Aceman се користени одржливи материјали за да се нагласи еко-свесноста на моделот и на брендот, а истовремено се воведени и нвои технологии. Забележуваме овален OLED екран, додека инфозабавниот систем е изграден врз Android платформа.

Околу централниот екран е поставена табла обвиена во специјално платно, врз која може да бидат проектирани детали од екранот и целата површина да биде искористена максимално. Иновативно и интересно решение!

Секако, концептот Aceman најверојатно ќе резултира со некаков сериски модел – кој најверојатно ќе го носи истото име. Сега за сега немаме информации кога тоа би се случило, но Aceman е јасна најава за иднината на Mini.

Поврзано:   Ова е последниот Mini Clubman

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.