Во салонот на Мак Аутостар пристигна Mercedes-AMG GT S E PERFORMANCE 4-Door Coupé! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Мак Аутостар пристигна Mercedes-AMG GT S E PERFORMANCE 4-Door Coupé!

Моќниот супер-седан на AMG поставува нови стандарди. Хај-тек конфигурацијата е навистина импресивна – напред е поставен 4-литарски твин-турбо V8 кој соработува со електромотор поставен на задната оска, а резултат на сето тоа е повеќе од 840 коњски сили!

Во електромоторот на задната оска е интегриран 2-брзински пренос како и диференцијал со ограничено пролизгување, а комбинацијата 4-литарскиот твин-турбо V8, батеријата и електромоторот нуди дури 843 коњски сили и повеќе од 1400 Nm вртежен момент.

Сето тоа значи 100 километри на час за 2.9 секунди, 200 километри на час за помалку од 10 секунди и максимални 316 километри на час. А да, и според официјалните мерења, ова чудовиште може да троши само 8.6 литри бензин на 100 изминати километри, како и да помине до 12 километри на електрична енергија.

Батеријата е со капацитет од 6.1 kWh и користи иновативен нов начин за ладење. Течност која не спроведува електрична енергија тече околу сите 560 ќелии и гарантира идеална температура. Дури 14 литри од оваа течност се користат, но затоа батериите се цело време на идеална температура од 45 степени, без разлика на брзината на полнење или празнење – а тоа гарантира конзистентни и врвни перформанси.

Батеријата тежи 89 килограми и може да испорача 70 kW континуирано, односно на кратки интервали до 10 секунди испорачува до 150 kW. Според Mercedes-AMG, технологиите кои се дел од хибридниот систем директно влечат инспирација од F1.

Плус, изгледа фантастично, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.