Audi и Porsche официјално влегуваат во Формула 1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi и Porsche официјално влегуваат во Формула 1!

Извршниот директор на VW Group – Herbert Diess – потврди дека групацијата преку брендовите Audi и Porsche влегува во Формула 1 Шампионатот!

Diess потврди дека подготовките на Porsche за влез во Формула 1 „се малку поконкретни“ во однос на оние на Audi, но одлуката за двата брендови е направена поради растечката популарност на Ф1, но и можностите кои доаѓаат благодарение на новите правила кои стапуваат на сила во 2026. Според Diess, ова е „технолошки прозорец“ и според него ова е единствениот начин нови натпреварувачи да се приклучат на шампионатот.

„Формула 1 се развива екстремно позитивно ширум светот. Маркетингот кој се случува таму, плус Netflix, придонесе кон многу поголема Ф1 публика во САД, но и кон брз и голем раст во Азија, особено меѓу младите клиенти. Ако ги погледнете големите спротски настани во светот, во моторспортот навистина само Формула 1 има значење и сè повеќе се издвојува. Ако веќе влегувате во моторспорт, треба да влезете во Формула 1, бидејќи таму влијанието е најголемо. Но не можете да влезете во Формула 1 доколку нема отвор, односно нови правила кои значат дека сите почнуваат од истото место.“ – изјави Diess.

Сè уште нема официјални информации околу начинот на кој Audi и Porsche би учествувале, но извесно е дека Porsche ќе изгради соработка со Red Bull и ќе ги искористи своето темелно познавање и богатата моторспорт историја. Од друга страна, според некои познавачи, Audi ќе го купи McLaren (за околу 500 милиони Евра) и така ќе влезе во Формула 1. Веќе некое време се шпекулира дека Audi се подготвува на ваков чекор, а ова би резултирало со уште еден бренд под капата на VW Group – егзогичниот McLaren и неговите хипер-автомобили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.