Во салонот на Jeep пристигна луксузниот Compass S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Jeep пристигна луксузниот Compass S

Со освежувањето на Compass, Jeep го претстави и луксузниот Compass S – и токму оваа изведба на популарниот SUV пристигна и во Македонија!

На самиот врв на понудата на освежениот Compass е токму Compass S, каде главниот акцент е даден на софистицираноста и комфорот. Изложениот примерок е во фантастична сина боја и добива контрастен црн кров, а добива и многу, многу опрема.

Меѓу другото, ќе го истакнеме новиот, хај-тек 10.1-инчен централен мултимедијален уред со навигација, 360-степенска камера, систем за следење на слепата точка, и многу, многу повеќе. Секако, тука се кожните седишта, целата гама на системи за асистенција, но и моќниот Alpine аудио уред.

Изложениот примерок е придвижуван од новиот, 1.3-литарски турбо-бензинец на Jeep кој преку DCT автоматски менувач со двојна спојка кон предните тркала испорачува 150 коњски сили.

Секако, во понудата се и другите погонски опции, а ние најверојатно би го препорачале плаг-ин хибридниот погон кој идеално комбинира ефикасност и можност за движење на електрична енергија, со моќен турбо-бензинец.

Новиот Compass S е особено интересна изведба на популарниот SUV на Jeep – европските купувачи сакаат да уживаат во фините нешта, а токму ваквата изведба го нуди тоа. Плус, се радуваме дека е во ваква прекрасна, сина боја! За повеќе информации, посетете го салонот на Jeep, официјалната веб-страница или пак дигиталниот Carstore.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.